Се бара „неработник“ на годината

Се бара „Неработник на годината“. Потрагата ја почна хрватската платформа за вработување „Пикџобс“ (PickJobs), но нивната цел, се чини, е малку поинаква од првиот впечаток..



„Ова е невообичаена можност за сите вработени, самовработени, студенти и невработени - да му покажат на светот како успеале во она што многу луѓе го сметаат за невозможно: Постигнување рамнотежа меѓу приватниот и деловниот живот. Бараме личност со успешна приказна за тоа како го намалиле обемот на работа и ја зголемиле или одржувале својата продуктивност. Со други зборови, тие работеле попаметно во 2024 година, не понапорно. Бараме личност која постигнала успех во 2024 година благодарение на стратегии за делегирање, автоматизација, квалитетно управување со времето или кој било друг начин што овозможува рамнотежа на приватниот и деловниот живот“, се вели во објавата.

Конкурсот е отворен за сите - студенти, вработени на неопределено време, хонорарци итн. И не е ограничен само на Хрватска, туку може да се пријават „неработници“ од целиот свет. Може да се пријавите себеси или некој друг со кратка приказна или видео во коешто се објаснува „како лицето го намалило времето минато на работа“, а станало попродуктивно.

„'Пикџобс' сака да ги истакне успешните приказни коишто ќе бидат инспирација за сите кои се борат со исцрпеност, преоптоварување и стрес. Ова е со цел да се подигне свеста за спомнатите проблеми и да поттикне позитивни промени во работната култура. Целта е да се мотивираат луѓето да истражуваат начини да се најде рамнотежа меѓу приватниот и деловниот живот, но и да се поттикнат работните заедници да воведат пофлексибилни практики коишто би ги поттикнале вработените да ја најдат таа рамнотежа“, се додава.

Добитникот на титулата „Неработник на годината“ ќе добие парична награда од 1.000 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби