Започнаа првите читачки проби за претставата „Варвари“

Денеска, на 3 февруари, започнаа првите читачки проби за претставата „Варвари“, дело на рускиот писател Максим Горки, а во режија на Владимир Милчин. Делото „Варвари“ е драма која се занимава со социјалните и моралните конфликти на почетокот на 20-тиот век во Русија. Претставата се одвива околу интелектуалецот, кој се соочува со растечките разлики меѓу старото и новото, традицијата и модерноста.



Главните ликови се припадници на различни социјални класи: интелектуалци, работници и обични луѓе, кои ги претставуваат различните ставови и конфликти на тогашното руско општество. Тие се поставени во ситуација на морална дилема, каде што мораат да се соочат со своите лични и социјални вредности.

Ова дело за првпат се поставува во Македонија. Во претставата игра масовна актерска екипа од 23 актери: Тони Михајловски, Габриела Петрушевска, Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Софиа Насевска-Трифуновска, Владо Јовановски, Григор Јовановски, Ана Стојановска, Оливер Митковски, Тања Кочовска, Александар Микиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Гораст Цветковски, Јордан Симонов, Сашка Димитровска, Емил Рубен, Александар Ѓорѓиески, Дамјан Цветановски, Ивица Димитријевиќ, Александар Михајловски, Jана Вељановска и Стефан Спасов. Од нив, повеќето се студенти на проф. Владимир Милчин, режисерот на претставата.

Владимир Милчин (1947) е режисер кој работи во МНТ од почетокот на неговата кариера –бил и драматург и режисер во Драмата при МНТ во периодот од 1970 до 1982 година, а „Варвари“ е негова 24-та режија во театарот. Дипломира на отсекот за режија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград, во класата на д-р Хуго Клајн. Милчин е основач на алтернативниот театар „Не-театар кактус“ (1964-1970). Заедно со Слободан Унковски ја водел алтернативната група „Театар кај св. Никита Голтарот“ (1970-1972). Исто така, тој, додека хонорарно водел актерска класа на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје во периодот од 1972 до 1974 година. Милчин е еден од основоположниците на Театарската работилница на Филозофскиот факултет (1979-1983). Од 1982 година, тој води класа за актерска игра на ФДУ. Со режија започнува во почетокот на 60-тите години и работи во скоро сите театри во земјата, како и надвор од Македонија. За дел од нив има добиено и награди на МТФ „Војдан Чернодрински“, Фестивалот „Стериино позорје“, МЕСС – Сараево, Фестивал „Сплитско лето“, како и награди за животно дело „Св. Климент Охридски“ (2018) и „Војдан Чернодрински“ (2019).



Сценограф е Беди Ибрахим, костимограф е Марија Пупучевска, преводот го направија: Ема Марковска-Милчин и Владимир Милчин, асистент на режисерот е Шенај Мандак, а изборот на музиката е на режисерот Владимир Милчин.

На сцената на Македонскиот народен театар досега се поставени следниве драми од Максим Горки: „Малограѓани“ (1951), во режија на Илија Милчин, „На дното“ (1954), во режија на Илија Милчин и Илија Џувалековски, и „Децата на сонцето“ (1973), во режија на Илија Милчин.

Владимир Милчин е син на Илија Милчин (1918 – 2002) - актер, режисер, преведувач и професор, еден од основачите на МНТ. Во периодот од 1944 до 1947 година работи како драматург, а потоа и како актер и режисер во Македонскиот народен театар. Еден е од неговите основачи – на 31.12. 1944 година дел е од петте едночинки прикажани на новогодишната ноќ во салата на театарот. Со тоа, фактички започнува и дејноста на МНТ. Веќе следниот ден, на 1 јануари, е вработен во театарот, каде што останува до 1983 година. Работи како актер (со 36 остварени улоги), режисер (има 25 режии) и преведувач (44 драми). Од 1964 до 1968 година е директор на Драмата на МНТ. Бил и уметнички раководител и режисер на Обласниот македонски народен театар во Горна Џумаја, Пиринска Македонија (1947-1948). Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Јован Стерија Поповиќ“, „13 Ноември“, „Војдан Чернодрински“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Како да направите вашата жена да вика додека имате секс?
- Јавете и се по телефон... каде и да сте.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1809.- Во Хамбург е роден Феликс Манделсон -...
1867.- Принцот Муцухито на 14-годишна возраст...
1909.- Роден е францускиот филмски режисер Андре...
1915.- Потпомогната со германска и...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби