Бројот на популацијата во светот денес ја достигна бројката од 7 милијарди луѓе.
Според „План интернешанл“, седуммилијардитиот жител на Земјата е девојче од Индија.
Исто така Пјотр Алексеевич Николаев, кој се роди денеска две минути по полноќ во рускиот град Калининград, руските медиуми првично го прогласија за седуммилијардити жител на планетата Земја.
Ако сакате да дознаете кој жител во светот сте биле вие кога сте се родиле, посетете ја страницата на BBC и пресметајте го тоа според датумот на вашето раѓање.
Бројот на луѓето на Земјата се дуплира последните 50 години. Според извештајот, од 7-те милијарди што живеат на светот, 1,8 милијарди се млади луѓе, на возраст меѓу 10 и 24 години. Достигнувањето на рекордниот број на населението на многу начини може да се смета за успех на човештвото, бидејќи тоа значи дека луѓето живеат подолго. Правејќи проекции, ОН предвидуваат дека светското население ќе ја достигне бројата од 8 милијарди во 2025, а 10 милијарди во 2083 година.