Одите во клуб, пиете една или 10 пијачки, добро се наигрувате, се зезате со пријателите и тоталните странци, правите глупости и генерално добро се забавувате како никогаш во животот и мислите дека сè е совршено. Се додека следниот ден не ги здогледате своите фотки на нет!
Секој кој некогаш бил уловен со објективот за време на едно такво излегување сигурно посакал да се забрани фотографирање во клубовите или генерално на било какви места на кои алкохолот има голема улога.
Но, тоа е невозможно, имајќи предвид дека секој мобилен телефон денеска има добра камера. Многу е веројатно дека фотката за кратко време ќе заврши на некоја социјална мрежа и сите темни страни на излегувањето ќе бидат обелоденети пред сите кои ги познавате.
Да, тоа е суровата реалност, а кога веќе е така, не ни преостанува ништо друго освен да ги погледнете фотките од несреќниците кои биле фатени во најлошите и најлудите моменти од излегувањето!