Воопшто не е забавно да си болен, а особено е тажно кога ќе се види болно дете. Затоа тројца мажи од комерцијална компанија за миење прозори во Мемфис, Тенеси изнајдоа несебичен начин како да ги развеселат децата во болница.
Еден ден, сите во „Le Bonheur“ детската болница го видео Spiderman и Captain America како се качуваат по прозорите. Стив Озаниец и неговиот син Дони се облекле како Spider-Men а Џордан Емерсон станл Captain America. Тројцата четири часа ги миеле прозорците на болницата, додека децата од внатре подзинато гледале во своите херои и навивале за нив.
Друга супер херојска посета се случила на 10-ти јануари во детската болница во Сент Петерсбург, Флорида. Тим чистачи на прозори, облечени како Spidermen им мавтаат и ги развеселуваа децата додека ги миеја прозорците. Специјалистите велат дека терапијата на одвлекување на вниманието е особено полезна за децата, им го трга паметот од болката. Spidermen волонтерите велат дека децата изгледале пресреќно.
Ваквиот акт на добрина навистина ви ја враќа вербата во човечноста, зарем не?