Како на Куба крадат „фичо“Zastava 750, популарниот „фичо“, одамна отиде во историјата и неговите сопственици претежно се љубители на олдтајмери. Но, на Куба, приказната е поинаква... не само што се вози, туку е примамлив плен за крадците.
Регионалните медиуми денеска пренесуваат интересна снимка за извежбана кражба на „фичо“ на Куба.
Првиот примерок од овој модел на поранешните југословенски простори е произведен на 18-ти октомври 1955 година, по лиценца на италијанскиот „Fiat“ и беше дел од производната програма на крагуевачката фабрика точно 30 години, од октомври 1955 до ноември 1985 година.
Во тој период се произведени 923.487 примероци од моделот кој неофицијално беше наречен „национална класа“. Последниот произведен автомобил бил моделот „Z-750 LE“, кој се чува во Музејот „Zastava“.
Крагуевачка „Zastava“ од неодамна го произведува новото „фичо“ кои се истакнува по убавината, но за разлика од историскиот примерок, не е достапен за сите.
|