Американската полиција ја уапси Линда Вестон (52) која во својот подрум држела десетмина лица со инвалидитет во кафези или врзани за бојлер. Таа, за десет години колку што ги криела, од социјалната помош добила околу 212.000 долари надомест.
Вестон е обвинета за киднапирање и малтретирање, затоа што полицијата во нејзиниот подрум пронајде шест неухранети луѓе во инвалидски колички и четири деца со пречки во развојот.
Жената-монструм на жртвите често не им давала храна и ги тепала речиси секој ден.
Повод за ова злосторство била социјалната помош која Вестон ја земала затоа што се пријавила кај властите како нивни старател.