Американското средно училиште „Manatee“ на Флорида во својата задолжителна наставна програма воведе и картинг часови, кои се составен дел од предметот „Физика на мотоспортот“.
Професорот Фредерик Хилиер вели дека часовите по картинг не се воведени само како вид на опуштање и уживање за учениците во ова училиште.

- На целната рамнина ја мериме брзината, а на одредени места мораат да сопираат со цел да се заперат на што пократко растојание. Тие прибираат податоци кои се користат за време на часот за истражување на G силата и другите релевантни информации, вели Хилиер.
Часовите по картинг ги натера учениците да се заинтересираат за науката, која претходно им изгледала здодевно.
- Програмата на физиката ве подготвува за натамошното изучување на науката, но исто така ве става и на пат на мотоспортот, доколку сакате да станете автомобилски инженер, вели Лорен Хол, ученичка во средното училиште.
Професорите се надеваат дека часовите по картинг ќе привлечат нови ученици и ќе ги заинтересираат за кариера во инженерство.