Деветгодишно девојче од Мексико роди девојче, соопштија денеска локалните власти и членови од нејзиното семејство.
- Девојчето имало само нешто повеќе од осум години кога забременила. Татко е момче од 17 години, но не можеме да го најдеме, затоа што избегал, им рекла мајката на девојчето по име Дафне, на локалните официјални лица во мексиканската сојузна држава Халиско.
- Го бараме момчето за да ја чуеме и неговата приказна, затоа што девојчето не разбира што се случило. Тука станува збор или за силување или за случај на сексуално злоставување, рече едно официјално лице на судот на државата Халиско.
Девојчето се породи на 27 јануари и роди ќерка тешка 2,7 килограми. Двете девојчиња се пуштени од родилиштето и се чувствуваат добро, но од болницата соопштија дека ќе продолжат да ја следат нивната состојба, поради младоста на мајката.