Јуџин Мареј (26) оваа недела беше прогласен за виновен за убиството на Мунг Јанг, човекот со кого вечерал во ист ресторан и кого го убил бидејќи му се потсмевал за начинот на кој го јадел сендвичот.

Дел од месото во сендвичот му паднало од устата додека го јадел сендвичот, и Јанг од масата до него почнал да му се потсмева на неговите манири за време на вечерата.
Тој веднаш станал и со два силни удари во пределот на главата силно го повредил Јанг, по што тој починал во болница.
Мареј е осуден на 11 години затвор, кој ќе ги издржува од 4-ти март оваа година.