За да го разберете Путин мора да знаете неколку факти

Владимир Путин, претседателот на Русија кој е толку  паметен, храбар има поминато и тешки денови. Иако за неко постојат многу гласини, многумина знаат да кажат дека тој е човекот кој ја издигна Русија на нозе.

Добро познати се неговите одлуки, но никој не може да разбере каков човек е всушност Путин. Ви претставуваме неколку факти од неговиот живот кои можеби малку ќе ви разјаснат кој е тој.



Мајка му на Путин ја преживеала опсадата на Ленинград

Од 1941 до 1944 година, Германските и Финските трупи систематски ги прекинаа сите увози на храна кон рускиот град Ленинград, целејќи да ги изгладнат жителите на оваа метропола. Токму овој период е познат како еден од најморничавите моменти на руската почва. Мајката на Путин, Мариа Ивановна, ја преживеа опсадата, во која починаа еден милион жители, меѓу кои и постариот брат на тогаш неродениот Владимир.

Путин не е емотивец

Во една документарна емисија на германската програма ARD, наречена „Ich, Putin“, рускиот лидер изјавил дека не потекнува од многу емоционална фамилија.

- Не сме емотивци по природа и не зборуваме многу меѓусебно. Сите некако како сè да чуваме во нас. Но, се сложуваме многу добро. Моите родители биле заедно до крајот на нивните животи. Јас не знам ништо за некоја емоционална средба или трагедија, бидејќи тие никогаш не зборувале за тоа.

Таткото на Путин бил вистински пролетер

Другарот на Путин од детството, Сергеј Родулгин, кажал дека татко му многу го сакал Владимир, но секогаш барал некоја вина во него.

Тренирал џудо за да порасне колку врсниците

Слабиот тинејџер сфатил дека неговите врсници растат побрзо од него за време на пубертетот. Токму затоа тој започнал да тренира џудо.



Пред да се раздели со поранешната жена и кажал дека работи за тајна служба

- Ако некој сака да зборува за работата во тајната служба, тогаш нема што да бара таму, и кажал Путин.

Верува дека Западот се плаши од Русија

Почетокот на горенаведената емисија започнува со дијалог кој можеби некои го сметаат за мошне бизарен со оглед на настаните во минатите месеци:

Од каде доаѓа негативноста на луѓето од Западот кон вас?
- Од нервозата.
- Нервоза поради вас?
- Поради Русија. Поради тоа каде се наоѓаме, поради нашите атомски оружја и можности на различни полиња. Но тоа е едно старо размислување.

Путин совршено зборува германски јазик

За време на говорот во 2001 година пред Бундестагот, Путин докажа дека зборува совршено германски јазик. Тој поминал речиси 5 години како KGB агент во Дрезден. Кога тогашната влада почнала да паѓа, тој во 1990 година се вратил во Москва.

Верува дека крајот на СССР е „најголемата геополитичка катастрофа на 20-тиот век“

Путин чувствува некоја носталгија кон СССР, која ја прикажа преку обработување на старата химна на Советскиот сојуз, но со нови зборови.



Сака да се истакнува како хокеаш

Иако вежба со часови да игра хокеј, не може да се пофали дека е добар играч. Сепак, хокејот на мраз е национален спорт во Русија и затоа и тој мора да се покаже.

И покрај сите гласини, Русите сметаат дека Путин ја издигнал Русија на нозе

За време на 90-тите години, Русија имаше неколку кризи, кои не само што удрија по економијата, туку и по бирократијата, концептот за сувереноста, културниот и социјалниот живот. Кога Путин дојде на власт во 2000 година, тој ја реформираше државата и ја изгради според автократски принципи. Русија покажа голем напредок послдните години.

Ги сака Битлси

Најомилена песна на Путин е „Yesterday“, дел од албумот „Fab Four“, додека омилен член од групата му е Пол.

Беше член на партијата „Обединета Русија“ 4 години, без членска книшка

Путин имал огромно влијание врз државата кое е докажано по тоа што без членска книшка од партијата станал претседател на партијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби