Дубаи планира да вложи 1.7 милијарди долари во проект за два вештачки острови од двете страни на луксузниот хотел „Burj Al Arab“. Новиот мегапроект го носи називот „Mars Al Arab“ и подразбира градење на одморалишта кои би требало да го зголемат бројот на посетители на Соединетите Арапски Емирати на 20 милиони годишно.
Изградбата на двата нови острови би требало да почне во јуни оваа година, а да заврши до крајот на 2020 година. „Mars Al Arab“ ќе се простира на површина од околу 370.000m2 со плажа од 2.2км. Едниот остров ќе биде направен за забава и семеен туризам, а другиот ќе биде луксузно одмаралиште.
Амбициозниот проект ќе има и приватно пристаниште, клуб за јахти, рекреативни атракции, ресторани и кафе барови, хелидром, хотел, огромен продажен простор и 300 апартмани со поглед на море. На луксузниот остров ќе има 140 луксузни вили.