Екрем Јевриќ, интернет ѕвездата од Њујорк, ненадејно почина во 55 година од својот живот.

Според српски Курир, Јевриќ утрово тргнал на работа и доживеал силен срцев удар. Кога пристигнала брзата помош реалити ѕвездата не покажувала никакви знаци на живот.
-Во пет наутро тргна на работа. Влезе во автомобилот и тука умре. Не успеал ни да го запали возилото, изјавила неговата сопруга.
Екрем ќе остане запаметен по својот хит „ Kuća posо “ како и по неколкуте реални шоуа во кои што учествуваше.