Нешто овде не ни е јасно. Бред Пит и Анџелина Џоли ќе се разведуваат, додека пак Џенифер Анистон се шета под рака со нејзиниот сопруг. Зарем не планира да се разведе?!
За жал, изгледа дека не. Забележани се со Џастин Тероу на вечера, пет дена откако во јавност излезе информацијата за разводот на нејзиниот поранешен сопруг.
И додека Џастин изгледа мошне загрижено, најверојатно е исплашен Џен да не му избега, таа пак има некоја фаца со која вели „Ха, кармата е кучка, Бред“!
Џен и Џастин навистина имале проблеми во бракот, но не поради поранешниот на Џен, туку поранешната на Џастин. Имено, Џен збеснала кога видела дека Џастин се допишувал со неговата поранешна девојка и тоа баш на денот на нивната годишнина од бракот. Тогаш се појавиле гласини дека тие веќе не се заедно.
Но, сето ова било само лажна објава, за да се израдуваат фановите кои сакаат повторно да ги видат заедно поранешните сопружници Бред и Џен.
Помирете се, таа приказна е завршена. Барем сега за сега..