Бред Пит се сретнал со Џенифер Анистон во приватен апартман во хотелот Gansevoort, според порталот RadarOnline. Никој не знаел кои познати гости се наоѓаат во хотелот, но надзорните камери покажале сè.
- Џенифер зборуваше со Бред. Призна дека сака да се смири со поранешниот сопруг. Таа всушност чекаше тој да прекине со Анџелина за се да биде како порано, тврди еден извор и додава дека Бред и се извинил на Џенифер бидејќи ја оставил поради Џоли.
Бред ја запозна Џенифер во 1998 година, а стапија во брак само по две години. Се сметаа за еден од најсреќните парови, но во 2005 година, објавија дека се разделуваат. Во тоа време, Бред го снимаше филмот „Г-ин и Г-ѓа Смит“ заедно со Анџелина Џоли, со која потоа заврши во врска.
- Беше среќна кога дозна дека тие се разведуваат. Џенифер постојано се надеваше дека пак ќе бидат заедно со Бред, додава изворот.
Џен е во брак со Џастин Тероу, кој разводот на Бред и Анџелина смета дека не е толку голема работа и дека во светот се случуваат многу поважни работи за кои што треба да се зборува.