Познатиот српски актер и комичар, Богољуб Митиќ Ѓоша, утрово ненадејно почина на 49 – годишна возраст.

Фото: Лука Шарац
Веста за смртта на актерот ја потврди, Станислав Грујиќ, директор на театарот во Лесковац, кој изјави дека Митиќ починал како последица на срцев удар.
Ѓоша ќе го паметиме по многу познати телевизиски серии меѓу кои „Porodično blago", „A sad adio", „Agencija za SIS" и „Seljaci".
Актерот зад себе остави сопруга и две ќерки.