На друштвените мрежи одекна веста за смртта на познатиот основач, продуцент и главен уредник на магазинот Playboy, Хју Хефнер.
Хефнер е роден на 9 април 1926-та година во Чикаго, Илионис, а стана милијардер откако го основа најпознатото машко списание во 1953 година.
Во среда вечерта на официјалниот Twitter профил на Playboy беше објавено:
-Американската икона и основачот на плејбој, Хју М. Хефнер почина денес. Тој имаше 91 година. #РипХеф“
Меѓу првите кои се збогуваа со оној на кој многумина му завидуваа и го посакуваа неговиот живот беше и Ким Кардашијан, која меѓу другото на својот Twitter профил напиша и дека и било чест што била дел од Playboy тимот.
Веднаш по неа се огласи и Парис Хилтон.
Смртта на Хју Хефнер беше потврдена и во изјавата на Плејбој ентерпрајз во која пишува дека Хефнер починал од природнa смрт во неговиот дом, опкружен со своите најблиски.
-Мојот татко живееше исклучителен и влијателен живот како медиум и водечки глас зад некои од најзначајните социјални и културни движења застапувајќи се за слободата на говорот, граѓанските права и сексуалната слобода. Тој ги дефинираше начинот на живеење и етосот кој лежи во срцето на брендот Плејбој, еден од најпрепознатливите и трајните брендови во историјата.
Премногу ќе недостасува на многумина, меѓу кои и на неговата сопруга Кристал, мојата сестра Кристи, моите браќа Дејвид и Марстон како и на целиот Плејбој ентерпрајз, изјави синот на Хју Хефнер, Купер Хефнер