Ал Пачино (83) и неговата девојка Нур Алфала (29) чекаат дете, потврди неговиот претставник за Холивуд Репортер.
Иако претставникот не сподели детали за нивната врска, TMZ објави дека 83-годишниот актер е во врска со ТВ продуценката од април 2022 година.
Ѕвездата на „Кум“ ја има 33-годишната ќерка Џули Мари со поранешната девојка Јан Тарант, како и 22-годишните близнаци со Беверли Д'Анџело.
Во 2014 година, тој зборуваше за тоа како е да се биде татко и рече дека децата биле „алката што недостасува“ која му овозможила да го надмине лошото чувство кое го имал поради тоа што татко му го напуштил како дете.
-Свесно знаев дека не сакам да бидам како татко ми. Сакав да бидам присутен. Имам три деца. Јас сум одговорен пред нив. Јас сум дел од нивниот живот. Кога не сум, тоа е вознемирувачко и за мене и за нив, изјави Пачино.
Неговата сегашна девојка, Нур Алфала, е 54 години помлада од актерот и воедно за важи за девојка која секогаш избира постари мажи за партнери. Пред Пачино, таа беше поврзувана со звучни имиња како Мик Џегер и Клинт Иствуд.