Холивудската актерка, Џесика Честејн, несомнено е највпечатливо облечената ѕвезда на овогодинешното доделување на Tony наградите, кое се одржа во Њујорк.
За оваа пригода, Честејн избра шик фустан во смело жолта боја и наметка со потпис на модниот бренд Gucci.
Гламурозно елегантниот изглед беше надополнет со ѓердан од Hortus Deliciarium колекцијата на Gucci, инаку импресивен и уникатен накит изработен од бело злато, смарагди, дијаманти и портокалов гранат.