Ѕвездата на „Game of Thrones“ актерката Софи Тарнер брзо го замени поранешниот сопруг со ново момче. Танер беше уловена од папараците додека се бакнува со аристрокатот Перегрин Пирсон во Париз.
Актерката се раздели од пејачот Џо Џонас само пред неколку недели, откако тој поднесе документи за развод.
Веста за нивната разделба предизвика голем интерес во јавноста бидејќи ПР тимот на Џонас вешто се обиде да ја отслика Танер како лоша мајка. Парот на крајот ги смири страстите и се согласи на заедничко старателство над двете ќерки.