Шакира се спаси од затвор со спогодба од 7 милиони евра

Латино ѕвездата Шакира се согласи на спогодба со обвинителите во Барселона за нејзиниот случај со даночна измама и со тоа избегна затворска казна.



Колумбиската пејачка се соочи со шест точки од обвинението дека не и платила на шпанската влада 14,5 милиони евра данок во периодот од 2012 до 2014 година. Обвинителите побараа осумгодишна затворска казна покрај паричната казна од 24 милиони евра, па пејачката на првиот ден од судењето, се согласи со договорот што ја остави со тригодишна условна казна и многу помала парична казна. Таа претходно го отфрли договорот за признавање вина минатата година, но продолжува да тврди дека е невина.

-Додека бев решена да ја бранам својата невиност во судењето во кое моите адвокати беа уверени дека ќе донесат одлука во моја корист, донесов одлука конечно да го решам ова прашање на најдобриот начин, земајќи го предвид интересот на моите деца кои не сакаат да ја видат нивната мајка како ја жртвува својата лична благосостојба во оваа борба, вели Шакира.

-Во текот на мојата кариера, отсекогаш се стремев да го правам она што е правилно и да поставам позитивен пример за другите. Тоа често значи преземање на дополнителен чекор во деловните и личните финансиски одлуки за да го добијам апсолутно најдобриот совет, вклучително и да побарам совет од истакнатите светски даночни авторитети како PricewaterhouseCoopers International Limited, кои ме советуваа од самиот почеток, а потоа и Ernst & Young Global Limited“. За жал, и покрај овие напори, даночните власти во Шпанија покренаа тужба против мене како и против многу професионални спортисти и други поединци од висок профил, со што им ја трошеша енергијата, времето и спокојството на луѓето со години, додава пејачката.

Според постигнатиот договор, Шакира треба да плати парична казна од 7 милиони евра Таа, исто така, ќе плати дополнителни 432.000 евра, кои се трошоци поврзани со казната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе кај селскиот поп со намера да се исповеда за гревовите и му вели:
- Прости ми попе, сум грешел.
- Каква мака имаш синко -
му вели попот на Трпе
- Ја изневерив жена...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1943.- Радио Алжир ја објави капитулацијата на...
1943.- Ослободен е Дебар.
1944.- Ослободени се Пробиштип и Крушево.
1949.- Умре Рихард Штраус, германски композитор...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби