Џенифер Лопез е „бесна“ и „понижена“ поради разделбата со Бен Афлек

Џенифер Лопез е „бесна“ и „понижена“ поради разделбата со Бен Афлек, вели извор, кој за Page Six додава и дека ѕвездата од „Gone Girl“ се воздржува да поднесе барање за развод за да ја поштеди од уште поголем срам.



„Таа е бесна“, вели изворот. „Тој ја понижи. Тој беше оној кој иницираше повторно да бидат заедно“.

Лопез и Афлек ја обновија својата врска во јули 2021 година, по разделбата на Џенифер од нејзиниот поранешен вереник, Алекс Родригез, во април 2021 година.

Лопез (55) и Афлек (51) претходно се забавуваа од 2002 до 2004 година, откако неславно глумеа заедно во филмот „Gigli“. 

„Тој ја понижи затоа што таа направи голема работа дека тој е љубовта на нејзиниот живот“, објаснува изворот.

Двојката се венча во Лас Вегас во јули 2022 година, a имаше уште една свадбена прослава во домот на Афлек во Рајсборо, Џорџија, следниот месец.

Албумот на Лопез, „This Is Me… Now“ и придружниот документарен филм на Amazon Prime, „The Greatest Love Story Never Told“, во кој се појавува и Афлек, беа инспирирани од нивната врска.

Sвездата на „Hustlers“ е исто така вознемирена затоа што во целата ситуација се вмешани и децата од нивните претходни бракови. Лопез има близнаци - Макс и Еми, (16) од претходниот брак со Марк Ентони, додека Афлек ги има Вајолет (18), Фин (17) и Семјуел (12) од претходниот брак со Џенифер Гарнер.

Извори блиски до двојката велат дека последниот проблем кој придонесе за распадот на бракот на Лопез и Афлек е нејзината линија на коктели.

Гласините велат дека потфатот со алкохолот и нејзината „опсесија со слава“ како и потребата да биде „фотографирана и обожавана“ го принудиле актерот да стави крај на врската.

Имајќи ја превид неговата зависност од алкохол, се очекуваше Џенифер да биде свесна дека нејзината вмешаност во таков бизнис за финансиска добивка може да предизвика нов релапс кај нејзиниот сопруг, но таа остана рамнодушна кон ризикот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби