Убави и младолики како Шарлиз Терон

Јужноафриканската актерка Шарлиз Терон постојано привлекува внимание поради својот младешки изглед и негуваната кожа на која ѝ посветува посебно внимание.



Тоа, се чини, е една причина поради која Терон, на самиот залез од петтото десетлетие од својот живот, едноставно импресионира со своите модни комбинации на облека што ја истакнуваат нејзината фигура, пишува „Harper's Bazaar“. Следат петте причини за тоа.

1. СПФ цела година

Без разлика дали е лето или зима, Шарлиз секогаш користи заштитен СПФ-фактор за лицето. Тие креми, се наведува, ја штитат кожата од појава на брчки и хиперпигментациски дамки.

2. Длабока хидратација

Со сува кожа, поголема е веројатноста за појава на брчки. Затоа, Шарлиз советува хранење на кожата на лицето секој ден. Особено корисни се витамините, во таа смисла.

3. Ноќна нега

Доколку се нема време за утринска рутина со неколку различни производи за нега на кожата, тогаш треба да ѝ се посветите пред одење во кревет. Во тој случај, наутро е доволно само чистиње на лицето и нанесување заштитен фактор, но навечер следат сите други „ритуали“ пред спиење.

4. Здрава храна и многу вода

Советот тука гласи: Редовна и урамнотежена исхрана и најмалку два литра вода дневно. Дури и со најскапите козметички производи и препарати, кожата, според наводите, нема да изгледа негувано ако се јаде мрсна, пржена или преработена храна.

5. Редовни посети на козметичар

Шарлиз Терон од својата 20-та година редовно оди на козметичар. Во случај на неможност за секојдневни третмани, советот вели: Обидете се да одите на козметичар барем неколкупати годишно, во зависност од сезоната и потребите на кожата. На пазарот денес има разни најсовремени третмани, но треба да се задржите на еден. Написот вели: Најпрво запознајте ја својата кожа, за да ги разберете нејзините потреби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби