Лиза Мери Присли го чувала телото на починатиот син на мраз два месеци

Пејачката и ќерка на легендарниот американски пејач Елвис Присли - покојната Лиза Мери Присли го чувала телото на својот син Бенџамин Кијоу на мраз два месеци пред да се одржи погребот. Тоа таа го наведува во мемоарите објавени по нејзината смрт.



Нејзината ќерка, актерката Даниел Рајли Кијоу ја заврши книгата. Таа вели дека на мајка ѝ ѝ било важно „да има доволно време да се збогува со својот син“, исто како што тоа го правела и со Елвис.

Лиза Мери - единственото дете на Елвис и Присила Присли, телото на својот 27-годишен син го чувала дома на мраз наместо во мртовечница, откако тој извршил самоубиство во 2020 година. Американската сојузна држава Калифорнија нема закони со коишто се налага телото да се однесе во мртовечница. Пејачката почина лани во февруари.

Во мемоарите, Лиза Мери говори и за нејзината врска со Мајкл Џексон... Па, вели дека некогашниот „крал на поп-музиката“ бил девица до 35-годишна возраст.

Присли и Џексон се зближиле во 1994 година. Во тоа време Присли сè уште била во брак со нејзиниот прв сопруг Дени Кијоу, но тие се разведоа зашто Џексон ѝ ја признал својата љубов на својата колешка-пејачка за време на патување во Лас Вегас.

Мајкл рече: 'Не знам дали си забележала, но јас сум целосно вљубен во тебе. Сакам да се венчаме и да ми родиш деца'“, пишува Лиза Мери во книгата „Од овде до Големото непознато“ (From Here to the Great Unknown), објавена вчера, 8 октомври.

- Не коментирав ништо веднаш, но потоа му реков: 'Навистина сум поласкана, не можам ни да зборувам'. Дотогаш веќе чувствував дека сум вљубена во него“, пишува Присли.

Таа потоа спогодбено се разведе со Кијоу и почна врска со Мајкл Џексон. Се венча во мај 1994., кога Џексон имаше 35 години, а Присли - 25. Сепак, се разведоа во август 1996 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Жената му вели на мажот:
- Леле колку сум среќна што се врати!
- Што така?
- Па, на радио рекоа дека некој пијан идиот се удавил во реката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1469.- Кралицата Исабела од Кастиља се омажи за...
1685.- Францускиот крал Луј XVI го поништи...
1697.- Роден е италијанскиот сликар Џовани...
1859.- Во Париз е роден Анри Бергсон, француски...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби