Харви Вајнстин итно пренесен вo болница

Поранешниот американски филмски продуцент и осуден сексуален престапник Харви Вајнстин е итно пренесен в0 болница во Њујорк, изјави неговиот адвокат синоќа.



Правникот Имран Ансари изјави дека 72-годишниот затвореник бил згрижен на „итно лекување поради алармантни наоди на крв коишто бараат итна медицинска помош“. Тој ќе остане во болница до стабилизирање на неговата состојба. Американските медиуми во октомври објавија дека на Вајнстин му бил дијагностициран рак на коскената срцевина.

Поранешниот продуцент, кој одлежува казна во затвор на островот Рикерс, „страда поради недостаток на соодветна медицинска нега во нехумани затворски услови“, додаде адвокатот.

Гласноговорникот на Вајнстин, Џуда Енгелмаер вели дека неговиот клиент „боледува од голем број болести, вклучително и леукемија“ и дека „нему му била ускратена соодветната медицинска нега што кој било во неговата здравствена состојба ја заслужува“, без разлика дали е затвореник или не.

Поради бројните обвинувања за сексуална злоупотреба на жени, Вајнстин неколку пати се појавуваше на суд, а последен пат во октомври. Тој пристигна таму во ортопедска количка во прилично лоша состојба. Во 2017 година, обвинувањата против Вајнштајн го поттикнаа женското движење „#MeToo“ против сексуалното насилно и недолично однесување.

Повеќе од 80 жени го обвинија за сексуална злоупотреба, силување или вознемирување, вклучувајќи ги и познатите глумици Анџелина Џоли, Гвинет Палтроу и Ешли Џад. Вајнстин инсистира дека сексуалните односи биле консензуални.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо молзел крава. Само што ја наполнил кантата, кравата се ритнала и го истурпла млекото. Мујо и ја врзал ногата и пак седнал да ја молзе. Таман ја наполнил кантата, кравата се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
На 28.03.2025 година во 05:00 часот до 07:00 часот на патот кон Р.Косово на околу 4км пред вториот кружен тек ќе се изврши подигнување на превртен камион со полуприколка, по што...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби