Скандалот со Блејк Лајви и Џастин Балдони, што започна за време на премиерата на „It Ends With Us“ во август, минатата недела доби неочекуван пресврт, откако Лајви покрена тужба против актерот и режисер за сексуално вознемирување, а воедно и за уништување на нејзината репутација.
Според документите, таа го обвинува Балдони и неговиот тим дека го нападнале нејзиниот јавен имиџ по состанокот на кој го донела и нејзиниот сопруг, Рајан Рејнолдс, за да се осврне на „сексуално вознемирување и друго вознемирувачко однесување“ од г-дин Балдони и продуцентот на филмот.
Адвокатскиот тим на Балдони изјави за Би-Би-Си дека наводите се „категорично лажни“ и истакнаа дека ангажирале кризен менаџер бидејќи г-ѓа Лајвли се заканила дека ќе го прекине филмот освен ако нејзините барања не се исполнат.
Блејк Лајвли упатила 30 барања до нејзиниот колега од „ It Ends With Us” и други лица на снимањето.
Во жалбата поднесена до Одделот за граѓански права на Калифорнија во петокот, Лајвли (37) посочи неколку тврдења во врска со режисерот и актер Балдони (40), кого го тужи за сексуално вознемирување и обид да ја „уништи“ нејзината репутација.
Продукцијата на „It Ends With Us“ беше одложена во 2023 година поради штрајк на сценаристите. Еден ден пред да продолжи снимањето, се одржал состанок за да се разгледа „непријателската работна средина“ на сетот.
На состанокот што се оддржал на 4 јануари, Лајвли ги посочила проблемите што ги имала со Балдони и Џејми Хит, главниот извршен директор на Wayfarer и продуцент на филмот.
Сите присутни, наводно, се согласиле со 30-те услови кои актерката ги барала за да спречи дополнителна непријатност на снимањето. Поголемиот дел од точките што ги посочила Лајвли биле поврзани со секс.
Првото барање според документот објавен во Њујорк Тајмс било „повеќе да не се прикажуваат голи видеа или слики на жени, вклучително и сопругата на продуцентот“ на Лајвли или на нејзините вработени.
Друго непријатно барање било луѓето на снимање да престанат да разговараат за претходната „зависност од порнографија“ на Балдони и Хит и за „недостатокот на познавање на порнографијата“ од страна на Лајвли.
Лајвли, исто така, барала никој да не зборува за својот сексуален живот, за нивните гениталии или „лични моменти кога физичката согласност не била дадена при сексуални дејствија, како насилникот или злоупотребуваниот“.
Актерката исто така, забранила некој да ја прашува неа или нејзиниот тренер за нејзината тежина.
Дополнителни поплаки се однесуваат на починатиот татко на Лајвли и религијата. Лајвли, наводно, изјавила дека повеќе не треба да се споменува дека Балдони „зборувал“ со нејзиниот покоен татко.
Таа, исто така, побарала од Балдони да престане да ја распрашува за нејзините религиозни убедувања и да и ги наметнува неговите - таа исто така сакала тој да престане да „притиска“ и да ги разубедува нејзините вработени.
Лајвли поставила јасни граници и кога станува збор за снимањето на сцените со секс и интимност во филмот.
Таа барала да биде поставен координатор за интимност во секое време и во секоја сцена во која се вклучени Лајвли и Балдони, додавајќи дека повеќе не треба да има „импровизирачко“ бакнување.
-Забрането гризење или цицање усна без согласност на [Лајвли], се вели во документот.
Во врска со сцените кои прикажуваат силување или насилство, Лајвли побарала нејзиниот лик, Лили Блум, да го игра двојник. Таа би снимала само сцени одблиску или претходно дискутирани сцени од ваква природа. Не биле дозволени дополнителни сексуални сцени надвор од она за што Лајвли првично се согласила.
Лајвли исто така изјавила дека нема повеќе трогателни или сексуални коментари од Балдони или Хит да се „толерираат“ од неа или од која било друга жена на снимањето.
Актерката побарала истакнала дека нема да снима повеќе голи сцени без SAG - документ кој ги прикажува спецификите на сцената. Сите сцени снимени без овој документ, не треба да се користат без согласност на нејзиниот правен тим.
Лајвли објаснила дека Балдони и Хит влегуваат во нејзината приколка додека таа е гола и побарала повеќе да да не се влегува поради која било причина додека таа не е облечена.
Таа, исто така истакнала дека повеќе нема да толерира „повеќечасовни“ состаноци со Балдони кој плаче во нејзината приколка.
По ова продуцентката Алекс Сакс добила мандат „да добие стандардни права, вклучување и овластување според описот на нејзината работа“, а Sony требало да има „поактивна улога“ во продукцијата на филмот.
За безбедност на актерската екипа, од „искусен“ продуцент било побарано да го надгледува сетот. Воедно било договорено Лајвли да не добие никакви „навредливи“ или „одмазднички“ реакции поради нејзиното барање за поставување на овие заштитни мерки.
Во изјавата преку нејзините адвокати за Би-Би-Си, Блејк Лајвли изјави: „Се надевам дека мојата правна постапка ќе помогне да се повлече завесата на овие злобни одмазднички тактики за да им се наштети на луѓето кои зборуваат за недолично однесување и помага да се заштитат другите кои може да бидат цел.
Таа, исто така, негираше дека таа или некој од нејзините претставници подметнале или ширеле негативни информации за г-дин Балдони.