Шон „Диди“ Комбс e тужен од поранешен вработен маж, кој тврди дека Комбс му вршел притисок да има секс со жена и му наложил да се грижи за она што Комбс го нарекувал „Wild King Nights“, вечери на секс и дрога.
Адвокатите на Филип Пајнс поднесоа тужба против Комбс, со детали за исцрпувачкиот работен распоред и барањата со кои се соочил за време на неговото вработување од 2019 до 2021 година.
Пајнс првично бил ангажиран од Комбс во 2019 година за да обезбеди услуги, поврзани со неговата храна, поставување на облеката и „да му биде достапен на г-дин Комбс по негова желба“.
За време на неговото вработување, Пајнс служел како „личен лакеј“ на Комбс и во повеќе наврати било побарано од него да ги подготви собите за „Wild King Nights“, обезбедувајќи „црвени светла, кофи со мраз, алкохол, марихуана, пакувања со мед за машкото либидо, бебешко масло, крпи, нелегални дроги и секс играчки“. За време на овие вечери, Комбс имал ноќ на секс, дрога и алкохол со „жени гости или други гости“.
По завршувањето на овие вечери Пајнс бил одговорен за чистење на хотелските соби и собите каде се одвивале настаните, како и за отстранување на доказите за дрога, отстранување на телесните дамки како крв и урина од мебелот и чаршафите и пакување на сите употребени предмети. Му било кажано да се погрижи никој да не зборува за овие настани, оставајќи им на екипите за чистење на хотелите големи бакшиши за да не пријавуваат нешто што би можело да биде проблем во иднина. Исто така, му било кажано да се ослободи од било какви инкриминирачки видеа од личните уреди на Комбс и да ги избрише.
Пајнс тврди дека раперот ја тестирал неговата лојалност, еднаш барајќи од него да се врати во неговиот дом по долгиот ден на работа само за да го земе далечинското. Детали за друг инцидент опишуваат ситуација кога Комбс бил со две гостинки и го туркал да има секс со едната од нив. Пајнс ја прашал гостинката дали е во ред, надевајќи се дека ќе каже не, но таа се согласила и по неколку моменти секс, тој застанал и вознемирен ја напуштил собата.
Поранешниот вработен истакна дека бил сведок на тоа како Комбс насилно клоца гостин во Мајами, по што поранешната шефица на кабинетот на раперот, Кристина Хорам, му рекла никогаш повеќе да не зборува за инцидентот или во спротивно ќе се соочи со последици. Покрај тоа, тој наведува дека Комбс организирал забава за 51-виот роденден и покрај тоа што бил позитивен на „Ковид“. Кога еден славен гостин се заразил со Ковид и се јавил да ги извести, на Пајнс му било кажано да молчи.
Ова е најновата тужба во тековните правни проблеми за
Шон „Диди“ Комбс, кој моментално е затворен во Метрополитен притворскиот центар во Бруклин, Њујорк. Тој беше уапсен во септември 2024 година под обвинение за рекетирање и сексуална трговија, а минатата недела беше тужен од две одделни жени со слични наводи за сексуално недолично однесување.