Популарната пејачка, Селеа Гомез, прво сними, па избриша видео на кое плаче поради новата политика на Доналд Трамп да ги депортира имигрантите без документи назад во нивната земја. Сепак, видеото не остана незабележано од администрацијата на Трамп, или поточно од Том Хоман, кој даде брутален коментар на ситуацијата.
-Ако не ви се допаѓа, тогаш одете во Конгресот и сменете го законот. Ќе ја направиме оваа операција без извинување. Ќе ја направиме нашата заедница побезбедна...Сето тоа е за доброто на оваа нација. И ние ќе продолжиме. Нема извинување. Одиме напред, изјави Хоман, кој е задолжен за депортациите.
Хоман негираше дека децата се мета и посочи дека администрацијата работи на депортирање илегални мигранти со криминални досиеја.
-Мислам дека не уапсивме семејства. Ги уапсивме заканите за јавната безбедност и заканите за националната безбедност, во крајна линија, рече тој.
Претходно, Селена Гомез, плачеше на својот инстаграм профил велејќи дека многу и е жал поради настанатата ситуација.
-Сите мои луѓе се напаѓани, децата. Не разбирам. Многу ми е жал, посакувам да можам да направам нешто, но не можам. Не знам што да правам. Ќе пробам сè, ветувам, рече таа на сега избришаната снимка.