Поради рекордно распродадениот прв термин и огромниот интерес од публиката, актерите Марјан Георгиевски и Бојан Велевски најавија втор, нов термин и тоа на 16 февруари во „Македонска опера и балет“.
![](http://images.idividi.com.mk/images/stand_up1.jpg)
По успешната распродадена прва претстава во МНТ, овој пат спектаклот се сели во еден од најпрестижните културни простори – Македонската опера и балет, каде што публиката ќе може да ужива во уште поголем амбиент и уште пожестока комична пресметка!
Две спротивни сили, Трифун (Марјан Георгиевски) и Валентајн (Бојан Велевски), ќе се судрат на сцената на Македонската опера и балет со најлудиот стенд-ап двобој што сте го виделе!
За вљубените, за оние што го слават Трифун, и за сите што сакаат да се смеат до солзи – ова е вечер што нема да ја заборавите!
Ако првиот пат пропуштивте – ова е вашата шанса! Не чекајте второ распродавање – обезбедете си карта на www.kupikarta.com Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и ЈК травел Дајмонд.
Линк за карти - https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5645