Македонскиот режисер Ангел Апостолски сними реклами за Супер боул

За време на годинашниот ТВ пренос на Супер боул, најскапото и најпрестижно спортско шоу во светот, беа прикажани и серија реклами направени од македонскиот режисер Ангел Апостолски.



За првпат во историјата, ПЕТА - глобалната мрежа за заштита на животните, се појави со реклами за време на ова шоу, каде рекламен блок од 30 секунди чини неверојатни 8 милиони долари.

За режијата на овие специјално изработени рекламни спотови, ПЕТА го ангажираше македонецот Ангел Апостолски.

Апостолски веќе има импресивна бројка реализирани рекламни проекти зад себе, за некои од најпознатите светски и регионални брендови, од телекомуникациски оператори до социјално ангажирани асоцијации. Скопјанец, филмски режисер со диплома од Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија. Живее и работи помеѓу Софија и Амстердам и е еден од ретките европски режисери, кои имаат работено на реклами за Супер боул.

Неговите рекламни спотови кои беа прикажани на годинашниот Супер боул се брендирани како „најсмелата кампања на ПЕТА досега“. Рекламната кампања го носи името „Совесните мафијаши“. Зошто, може да откриете и самите доколку ги погледнете рекламите.

Потпретседателката на ПЕТА, Лиса Ланге, ја дефинираше оваа кампања една од најкреативните досега.

„Дури и најтврдокорните мафијаши имаат срце – барем кога станува збор за животните. Визијата на Ангел Апостолски совршено ја доловува апсурдноста на носењето кожа или волна во денешно време.“, изјави Ланге.

ПЕТА се надева дека рекламите ќе поттикнат нова дискусија за етичката мода и ќе инспирираат милиони гледачи на Супер боул да го сменат својот избор на облека – без насилство.

Апостолски, кој веќе засилено работи на следниот проект, за искуството при снимањето на рекламите во Њујорк изјави дека целиот процес на работа бил одличен, забавен, беспрекорно организиран и со целосна креативна слобода, што е многу важно за реализација на вистински моќна порака.



Страсен раскажувач и режисер кој посветено работи со актери, тој внесува кинематографски допир во секој проект, вешто комбинирајќи наративна длабочина со визуелна уметност. Познат е по создавањето реклами кои се доживуваат како кратки филмови – впечатливи, емотивно силни и водени од карактерите. Со природно чувство за хумор, Ангел често внесува разиграност и духовитост во своите проекти, правејќи ги подеднакво привлечни и незаборавни.

Во подготовки е и на игран филм, кој судејќи по неговата досегашна работа, ќе биде вистинско уживање за гледачите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Малиот Трпе го прашува татка си.
- Тато како доаѓаат на свет бебињата?
- Пааа, види сине, како да ти кажам, штркот ги носи.
- Тато, тогаш кој го секса штркот?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1437.- Шкотскиот крал Џејмс Први е убиен од...
1513.- Умре папата Јулиј Втори, кој на чело на...
1613.- На рускиот престол дојде Михаил Романов,...
1677.- Во Хаг умре Барух Спиноза, холандски...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби