Истражителите сметаат дека смртта на Џин Хекман и неговата сопруга е „сомнителна“

Смртта на американскиот актер Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава е „сомнителна“, според истражителите. Иако нема јасни знаци на насилство и намерен напад, првично, тоа не е целосно исклучено, нагласуваат властите.



Телата на парот - како и нивното куче, беа откриени во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико, САД, во средата околу 13:45 часот, потврди шерифот на Округот Санта Фе, Ејдан Мендоза. Влезната врата, според полицискиот извештај, притоа, била „необезбедена и отворена“, а на имотот се пронајдени и две здрави кучиња, пренесува „Yahoo Entertainment”.

Во првичните наоди, се наведува дека смртта на Хакман (95) и Аракава (63) била „доволно сомнителна по природа“ за да има темелна проверка и истрага, објави „People”.

Телото на Аракава, инаку пијанистка, се наоѓало во бањата. Покрај починатата имало отворено шише од апчиња што биле расфрлени на маса во близина на Аракава. Близу нејзината глава имало и греалка што, според истражителот, можеби паднала во мигот кога музичарката паднала. Угинатото куче е најдено во плакарот во близина.

Телото на Хекман се наоѓало во друг дел од куќата, т.е. „во просторијата за јакни и чевли“, како што вели извештајот. Се чини, актерот паднал ненадејно. Покрај него имало и очила за сонце.

Ќерката на починатиот актер, Елизабет Хекман, изјави за „TMZ“ дека семејството се сомнева на труење со јаглерод-моноксид. Според наодите, сепак, „нема очигледни знаци на истекување на гас“, а влезната врата била отворена и можела да ги испушти можните гасни испарувања.

Шерифот Мендоза за „Њујорк тајмс“ изјави дека нема знаци на траума на телата. Не е пронајдена ниту белешка. Медицинскиот иследник веќе извршил обдукција. Првичните наоди утврдија дека нема надворешна траума кај ниту еден починат. Начинот и причините за смртта сѐ уште не се утврдени, зашо се чекаат и резултати од токсиколошките тестови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Позната сликарка почнала да го губи видот, па од страв тоа да не влијае на нејзината кариера отишла кај најдобриот очен лекар. После неколку недели нејзиниот вид бил повратен...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1475. - Во Капресе, Тоскана, е роден Буонароти...
1480.- Во Толедо е потпишана спогодбата со која...
1543.- Умре Антонио Алегри Кореџо, италијански...
1619.- Роден е францускиот писател Савинијен...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби