Хит комедијата „Вечерва сме сами“ на 26 април во „Национална опера и балет“

Хит комедијата „Вечерва сме сами“, во која Семир Гичиќ и Наташа Аксентијевиќ со својата маестрална игра освојуваат публика низ целиот регион, доаѓа во Скопје! На 26 април, љубителите на добриот хумор ќе имаат можност да ја гледаат оваа урнебесна претстава во „Националната опера и балет“.



Ова е динамична и духовита комедија која на забавен, но истовремено и длабок начин, ја прикажува комплексноста на љубовните односи. Преку препознатливи животни ситуации, неочекувани пресврти и духовити дијалози, публиката ќе ужива во приказна што ќе ја насмее, но и ќе ја натера на размислување.

„Вечерва сме сами“ го доловува балканскиот менталитет, каде човек често прифаќа сè она што, декларативно, никогаш не би прифатил. Специфичноста на ова тло е што и прифаќањето и неприфаќањето се подеднакво погрешни. А најтешко е да се убедиш самиот себе дека твојот живот навистина се случува, а не е туѓа лоша шега. Кога човек мисли дека нешто завршило, тоа дури тогаш почнува. Кога поверува дека разбрал, токму тогаш е изигран – по којзнае кој пат!

Оваа претстава носи приказна за љубовниот живот на двајца луѓе чии односи се нишаат помеѓу страсна љубов и немилосрдни судири. Преку одличната игра на Гичиќ и Аксентијевиќ, гледачите ќе се препознаат во комичните, но и реални сцени, кои ќе ги потсетат дека животот секогаш носи неочекувани пресврти.

Кај нас сè се повторува, а сепак се заборава, како да не се ни случило, ниту било кажано. Ништо на овие простори не се случува што веќе не се случило.

Затоа, дојдете и погледнете ја оваа претстава - комедија каква што сè уште не сте виделе!

Картите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги најдете преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, Јк травел во Бисер и ЈК травел Дајмонд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Позната сликарка почнала да го губи видот, па од страв тоа да не влијае на нејзината кариера отишла кај најдобриот очен лекар. После неколку недели нејзиниот вид бил повратен...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1475. - Во Капресе, Тоскана, е роден Буонароти...
1480.- Во Толедо е потпишана спогодбата со која...
1543.- Умре Антонио Алегри Кореџо, италијански...
1619.- Роден е францускиот писател Савинијен...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби