Како македонската убавица се снаоѓа во Загреб?

Како што веќе знаеме, оваа есен на хрватската телевизија RTL ќе започне да се емитува досега најсложената и најраскошната драмска серија, во која главната улога ја игра познатата македонска актерка Јелена Јованова. Како таа се снаоѓа во Загреб?

Филип Јурчиќ и згодната Македонка, Јелена се новиот актерски пар, но само за потребите за снимањето на новата драмска серија.

- Снимаме по 17, 18, 20 сцени на ден. Се оди некако брзо и тоа во дисциплина која навистина е добра, вели Јелена.

Секој ден на сет за Јелена е ново искуство и нова победа, а од колегите е воодушевена.

- Јас навистина се чувствувам како да сум влегла во нова фамилија и сум нивно дете и сите ме чуваат, сите пазат на мене. Дали јадам, дали нешто ми недостасува, како се снаоѓам со јазикот, па ако ми треба помош секако тука се да ми помогнат, додава актерката.

Нејзиниот најголем проблем, како што вели во интервјуто за RTL, покрај новата непозната средина било учењето на јазикот со колегите од сетот, а секојдневните грешки ја смееле до солзи.

- Nigdje drudje, хахаха... Додека тоа го изговорам. Најголем бисер мислам дека ми е trenutakataka… Вие сте многу комплицирани, отколку ние, вашите падежи се уште ми се шпанско село. Можам да ги набројам само тие што ги знам. Номинатив, генитив, датив, акузатив, вокатив, локатив, инструментал, вели Јелена. 

Таа исто така вели дека Загреб е многу сличен во Скопје.

- Дубрава е убава. Загреб сè уште не го имам видено, хаха... Јадран Филм изгледа супер. Многу работа, чекам малку пауза во продукцијата за малку да го видам градот.

Вредната Јелена есента ќе ја помине меѓу Загреб и Скопје, поради улогата во претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф".

- Најдов алтернатива за сите претстави, само за една не. Никој не сакаше да ме менува, и тоа секако импонира, но сега ќе морам да се враќа, изјави Јелена.

Како Јелена се снајде пред загребските камери ќе дознаеме наскоро.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мажот се враќа од службен пат и и вели на жената:
-Замисли ја загубив венчалната бурма.
-Како можеше да ја загубиш?
-Како? Зарем не ти кажав сто пати да ми го сошиеш џебот?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1650.- Во Стокхолм умре Рене Декарт, француски...
1741.- Роден е Андре Ернест Гретри, француски...
1847.- Роден е Томас Алва Едисон, американски...
1868.- Умре францускиот физичар Жан Бернар Леон...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби