Македонија треба да биде горда бидејќи има посебна актерска личност. Способен да продре во суштината на најкомплексните ликови, впечатлив и самоуверен, секогаш поинаков, било да станува збор за филм, реклама или театар.
Станува збор за нашиот легендарен актер, Мето Јовановски, кој е дел од најновата реклама на Heineken за светски пазар, The Odyssey Film.
Одличната рекламата која се прикажува насекаде низ светот трае две ипол минути, a всушност е дел од целиот истоимен интерактивен филм кој трае 47 минути. Мето во рекламата и во филмот глуми капетан на брод и притоа на српски ја кажува репликата „Тоа не може да биде еден човек“!
Мотото на рекламата која на YouTube има нешто помалку од 1 милион гледаност е дека „Секој е легендарен по нешто“. Погледнете за што зборуваме.