Јелена, избраничката на асот Новак Ѓоковиќ, реши да се скрие од очите на јавноста, барем во последните месеци од бременоста. Таа седи дома во нивниот стан во Монте Карло,при што редовно ја посетува нејзината сестра Марија.
Сепак, таа се појави на YouTube каналот и тоа само за учесниците на втората „Drugarijada“, организирана од фондацијата Ѓоковиќ. Учесниците се во посета на Белград и тоа од 1 до 5 октомври. За таа прилика, Јелена се извини што не е во можност да присуствува, но вети дека ќе надомести штом бебето малку порасне.