Британскиот актер Роберт Патисон тврди дека куќата во која неодамна се вселил не ја одразува неговата личност, во неа нема многу соби или купатила, туку се е подредено според она што секојдневно му треба, а најгорд е на својата колекција од 17 гитари.
Куќата има неколку интересни тераси, кои се поделени со дебел ѕид од природната вегетација. Дворот му е исполнет со доволно зеленило, дрвја и грмушки. Мора да кажеме дека неговата куќа е многу помала во споредба со куќите во кои живеат останатите фаци од Холивуд. Не е ниту луксузна, но сепак Роберт е минималист. Не му пречи рустикалниот стил во ентериерот, односно дрвенаријата. Речиси сите делови од куќата се поврзани и што е најважно функционални.
Роберт има само 28 години, но до сега има постигнато многу почнувајќи од филмот „Самрак“ па се до врската со колешката Кристен Стјуарт, со која веќе не се заедно. Моментално тој е во врска со пејачката Талија Дебрет Барнет.
Сепак, тој не е тип на човек кој е склон на скандали. Пораснал во Барнс, југоисточен Лондон, каде што редовно пиел пиво во паб. Сепак, со тек на време пабовите станале многу јавно место за него. Новинарите кои имале контакт го опишуваат како љубезен англиски џентлмен, ексцентричен, кој изгледа како професор кој често се губи во своите мисли. За себе вели дека е осаменик, па возењето со автомобил е совршена активност за него, а додека се вози навика му е да слуша смешни скечеви на радио станиците. Живеел во луксузна куќа во Лос Анџелес, но не уживал таму.
- Сакам да посетувам чудни, мали ресторани на крајот од градот. Многу се поубави, а сакам и празни барови, изјавил во едно интервју за Los Angeles Times.
Претходната куќа ја продал за 6.37 милиони долари и можел да го одбере кој било град. Прво размислувал за Торонто, но веднаш се откажал поради снегот и дождот, па следен на листата се нашол Њујорк.
- Таму има премногу гужва и тоа ме доведува до лудило. Сепак го сакам Лос Анџелес, доволно ми е што секој ден има сонце, коментирал со еден њујоршки новинар.
Во неговата куќа се изделуваат посебни лакови, столбови, камин, интересна кујна со трпезарија. Интересен е и таванот со плафон од прозорци, како и комплекс апарати од нерѓосувачки челик. Собите имаат вградени плакари и сè делува интимно и топло. Во дворот има голем тревник и базен. Актерот тврди дека често заборава дека вработил некого за средување на дворот, па често се изненадува кога седејќи гол покрај базенот ќе здогледа некој лик кој го чисти дворот.
Сè на сè, за куќата вели дека е негова мала колиба.со две спални и исто толку купатила, во која ужива многу повеќе отколку во претходната луксузна куќа. Куќата се наоѓа на имот кој е распространет на две илјади квадрати метри.