|
|
|
Џони Деп режира филм за МодиљаниЏони Деп неодамна почна со снимање на својот нов филм во Будимпешта, Унгарија, во којшто една од главните улоги ќе толкува Ал Пачино.
„Моди“ е вториот долгометражен филм режиран од Џони Деп, а во него ќе глумат и Италијанците актери Луиза Раниери и Рикардо Скамарцио. Приказната го следи италијанскиот уметник Амедео Модиљани (Скамарцио) - сликар и скулптор - инаку лошо момче, кој главно работел во Франција и станал познат по револуционерниот модерен стил на неговите портрети и актови.
Раниери ја глуми Розали, сопственичка на италијанско кафуле во Париз. Според раскажувањата за италијанскиот уметник со доста пороци, а починал на 35-годишна возраст, Розали му била мајка, и се грижела за Модиљани кога бил пијан и без пари дотолку што не можел да си дозволи оброк.
Ал Пачино ќе го глуми светски познатиот колекционер на уметност, Морис Гангнат. Во филмот ќе се појават и Антонија Десплат, Стивен Грејам, Бруно Гуери, Рајан Мекпарланд, Бенџамин Лаверне и Сали Филипс.
Се очекува снимањето на „Моди“ по неколку седмици во Будимпешта да се премести во Италија.
Филмот го означува и враќањето на Џони Деп на режисерската фотелја 25 години по „Храбриот“, во којшто тој и глумеше покрај Марлон Брандо. Инаку, една од неговите последни улоги е во филмот „Жан ди Бари“ каде што го глуми францускиот крал Луј Петнаесетти кој се вљубува во проститутка. Филмот беше премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Кан оваа година, а привлече големо внимание бидејќи ова е негова прва улога по судењата со неговата поранешна сопруга Амбер Хард.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Одат маж и жена во продавница и жената се фатила за некој фустан. Мажот пак незаинтересиран и вели: - Ај мори жено, остај го фустанов, гледај каква си, како комбајн. Си отишле... |
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
1571.- Во Вајл, Германија, е роден Јохан Кеплер,...
1585. - Во Париз умре Пјер Ронсар, француски...
1822. - Во Дол е роден Луј Пастер, француски...
1831.- Англискот научник Чарлс Дарвин ја започна...
|
|
|
|