„Опенхајмер“ со најмногу „БАФТА“ награди

Филмот „Опенхајмер“ е најголемиот хит годинава на доделувањето на филмските награди „БАФТА“ во Лондон, Велика Британија, победувајќи во седум категории, меѓу нив и за најдобар филм, машка главна улога и режисер.

Одличјето за најдобар филм го презеде брачната двојка Ема Томас и Кристофер Нолан (режисер), кои заедно со Чарлс Ровен беа продуценти, а ирскиот актер Килијан Марфи го понесе признанието за најдобар актер за улогата на Џеј Роберт Опенхајмер - американски теоретски физичар кој се смета за „таткото“ на атомските бомби.

„Женската верзија“ на приказната за Франкенштајн и чудовиштето, филмот „Poor Things“ (Бедни суштества) на Јоргос Лантимос освои пет статуетки, вклучувајќи ја и онаа за најдобра женска улога, којашто ѝ припадна на Ема Стоун.

„Барби“ остана без ниту една награда, и покрај тоа што имаше номинации во пет категории.

Признанието „Ѕвезда во подем“, единствената награда „БАФТА“ за којашто одлучува јавноста со свој глас, ѝ припадна на англиската актерка Мија Меккен-Брус. Наградата за најдобар документарен филм ја доби филмот „20 дена во Мариупол“ на Мстислав Чернов.

Германската драма „Зона на интерес“ на Џонатан Глејзер освои три „БАФТА“ награди, меѓу кои и за најдобар британски филм и странски филм.

Стипендијата „БАФТА“ наменета за заслуги и извонредни филмски остварувања, што во минатото, меѓу другите, ја добиваа Стивен Спилберг, Хелен Мирен и Чарли Чаплин, годинава ѝ беше доделена на британската актерка Саманта Мортон.

Домаќин на свеченото доделување на престижните награди беше шкотскиот глумец Дејвид Тенант.

Најголем број номинации на овогодинешните награди Бафта доби филмот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан - дури 13, а потоа „Poor Things“ - со 11 номинации. „Убијци на цветната месечина“ (Killers of the Flower Moon) на Мартин Скорсезе, како и „Зона на интерес“ имаа по девет номинации.

Британската академија за филмска и телевизиска уметност - „БАФТА“ е независна организација основана 1947 година од група британски филмски продуценти. Целта на наградите, се вели, е поттик, развој и оддавање признанија за најдобрите филмови, ТВ-серии улоги и други уметнички остварувања во тоа поле.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Ѕвони телефонот...
- Ало, Игорче ти ли си ?
- Да тетто, јас сум.
- Мајкати дома ли е ?
- Во купатило е, се бања.
- А татко ти ?
- И он е во купатило.
- А ќе излезат ли брзо...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1777.- Роден е рускиот цар Александар Први...
1790.- Роден е францускииот ориенталист Жан...
1804.- Роден е францускиот писател Шарл Огистен...
1810.- Роден е германскиот египтолог Карл Ричард...