„Џокер 2“ со седум номинации за „Златна малина“

Филмот „Џокер: Лудило за двајца“ доби дури седум номинации за наградите „Златна малина“ за најлоши филмски остварувања на годината.



Овие награди, коишто секоја година се објавуваат ден пред „Оскарите“, се доделуваат за најлош филм, глума, сценарио, режија итн. За првиот филм „Џокер“, Хоакин Феникс освои „Оскар“ за неговата главна и насловна улога. 3a „Џокер 2“, oвојпат, тој е номиниран за најлош актер.

Неговата партнерка во вториот дел, Лејди Гага е номинирана за најлоша актерка. Сепак, и покрај критиките досега, филмот заработи 200 милиони долари.

На листата на номинации за „Златна малина“ е и „Мегалополис“ на Френсис Форд Копола, како и филмот „Реган“ за поранешниот американски претседател Роналд Реган.

Наградите „Златна малина“ се доделуваат од 1980 година. Номинациите ги одредуваат 1.000 членови на Фондацијата „Златна малина“, којашто е своевидна пародија на американската Академија за филмски уметности и науки. На добитниците на „негативниот оскар“ (кои инаку, честопати и не присуствуваат на доделувањето на анти-наградите) им се дава златно-жолта скулптура од малина која чини 4,79 долари.

„Победниците“ на „Златна малина“ вообичаено се објавуваат ден пред доделувањето на „Оскарите“. Годинава, тоа е датумот 1 март.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Маж чека во холот на еден хотел. Одеднаш му текнува дека треба да го праша нешто рецепционерот и оди накај него. Во тој момент налетува на една госпоѓа со малку повеќе развиени...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на извидничкото движење
1512.- Во Севилја, Шпанија, умре Америго...
1732.- Роден е Џорџ Вашингтон, прв претседател...
1788.- Во Данцинг е роден Артур Шопенхауер,...