„Конклава“ и „Бруталист“ со по четири „БАФТА“ награди

Филмовите „Конклава“ и „Бруталист“ се големите победници на наградите на Британската академија за филмски и телевизиски уметности - „БАФТА“. И двата филма понесоа по четири признанија.



Драмата за избор на нов папа - „Конклава“, којашто водеше во номинациите - со вкупно 12 можности за награда, ги освои наградите за најдобар филм, најдобар британски филм, адаптирано сценарио и монтажа.

Историската драма „Бруталист“ - приказната за унгарски архитект кој се обидува да изгради живот во САД по Втората светска војна, исто така, беше во трката за најдобар филм. Режисерот Брејди Корбет и Адриен Броди добија „БАФТА“ статуетка за најдобар режисер и актер, соодветно. Филмот ги доби и наградите за најдобра авторска музика и кинематографија.

Во можеби едно од најголемите изненадувања на вечерта, Мајки Медисон ја доби наградата за најдобра актерка, за улогата на егзотична танчерка вплеткана во врска со син на руски олигарх во филмот „Анора“.

Криминалната драма-мјузикл „Емилија Перез“ ја освои „БАФТА“ наградата за странски филм. Зои Салдана ја доби наградата за споредна женска улога за нејзината улога на адвокатка која му помага на водачот на мексикански картел да ја лажира својата смрт и да се преобрази во жена.

Кијеран Калкин го доби одличјето за најдобра споредна машка улога за драма-комедијата „Вистинска болка“, којашто е наградена и за најдобро оригинално сценарио.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуменката и и вика:
- "Замисли мајко, одев низ шумата и наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?
- "Не грижи се ќерко, само оди и изеди три лимуна"
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден за заштита на...
44 г.п.н.е.- Во Рим, во Сенатот, група...
1493.- Славниот италијански морепловец Христофер...
1776.- Американскиот конгрес донесе одлука за...