Доделени „Оскарите“, најдобaр филм е „Анора"

Американската Академија за филмски уметности и науки утрово ги додели „Оскарите“ на свеченоста што се одржа во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Филмот „Анора" (Anora) триумфираше со пет освоени одличија, од вкупно шест номинации. Емисијата ја водеше Конан О'Брајен.



На годинашното, 97-то доделување „Оскари“, независниот филм „Анора" ги доби признанијата за најдобар филм, женска главна улога (Мајки Медисон), монтажа, како и наградите за најдобра режија и оригинално сценарио, коишто му припаднаа на Шон Бејкер.

Најдобри споредни актер и актерка, соодветно, се Зои Салдања (за филмот „Емилија Перез“) и Кијеран Калкин („Вистинска болка“). Статуетката за главна машка улога отиде кај Адријан Броди за остварувањето „Бруталист“ коешто ја има и најдобрата кинематографија.

„Злобница“ (Wicked) ja има најдобрата костимографија, „Субстанција“ (The Substance) - најдобра шминка, а „Дина 2“ - најдобри звучни и визуелни ефекти.

Најдобро адаптирано сценарио има филмот „Конклава“.

„Оскарот“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, го доби „Сѐ уште сум тука“ (Ainda Estou Aqui) продуциран во Бразил и Франција.

Најдобра филмска песна е „El mal“ на Клемен Дукол, од „Емилија Перез“.

Најдобар цртан филм, според американската Академија, е „Течение“ (‘Straume’, ‘Flow‘). Најдобар краток филм е „Не сум робот“. Најдобар краток цртан филм е „Во сенката на чемпресот“.

Најградата за документарен филм отиде кај „Нема друга земја“ (No Other Land), во палестинско-норвешка со-продукција, како што стои во описот на филмот.

Најдобар краток документарец е „Единственото девојче во оркестарот“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Позната сликарка почнала да го губи видот, па од страв тоа да не влијае на нејзината кариера отишла кај најдобриот очен лекар. После неколку недели нејзиниот вид бил повратен...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1475. - Во Капресе, Тоскана, е роден Буонароти...
1480.- Во Толедо е потпишана спогодбата со која...
1543.- Умре Антонио Алегри Кореџо, италијански...
1619.- Роден е францускиот писател Савинијен...