Роберт Редфорд на 88 години ѝ се врати на глумата

Познатиот американски актер Роберт Редфорд по шест години ѝ се врати на глумата, со помала улога во ТВ-серијата „Мрачни ветришта“ (Dark Winds). Легендарниот актер е и извршен продуцент на проектот, заедно со Џорџ Р.Р. Мартин.



Редфорд (денес 88-годишен) и Мартин глумат затвореници кои играат шах, покрај главниот лик - полицаецот Џо Лифорн (Зан Мекларнон), кој немаше ништо друго освен пофалби за нив.

- Роберт и Џорџ се прекрасни човечки суштества... Го минав викендот со Роберт, а седењето и разговорот со него беше како остварен сон. Тој беше мојот личен херој додека растев, рече домородноамериканскиот актер.

Според „Валчр“ (Vulture), сцената со Роберт и Џорџ била направена на затворено снимање, како што побарал Редфорд. Режисерот на епизодата, Крис Ејр рече дека замислата тие да одглумат макар неколку минути, е присутна уште од првата сезона.

- Боб е толку љубезен и беше така симпатичен тој ден, а исто така, и Џорџ. Но, се сеќавам дека Зан се сврте кон мене пред да почнеме да снимаме и ми рече: „Ти правиш сцена со Роберт Редфорд - тоа е неверојатно". А, јас реков: „Зан, те молам биди тивок. Ме правиш нервозен", ракажува режисерот.

Во 2018 година Редфорд објави дека се пензионира, а потоа ја повлече изјавата. Последната улога на Роберт пред ова беше во суперхеројскиот „Одмаздници: Крај на играта“ во 2019 година, но сѐ уште е во филмската индустрија, претежно - зад камерите.





  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Му дошла на Трпе таштата на гости, па Трпе ја прашува:
- Бабо, колку време планираш да останеш?
- Па додека не ви досадам.
- Ауу, зошто толку кратко???

* * *

Две муви...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
37.- Умре римскиот цар Тибериј (Клавдиј Нерон...
1480.- Во Саброза, Италија, е роден Фернандо...
1521.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1534.- Англија ги прекина сите врски со...