Откако Кристијан Бејл јавно се откажа од понатамошното портретирање на легендарниот супер-херој Брус Вејн Холивуд веќе составува листа на потенцијални наследници. "The dark night raises" ќе биде последниот филм со оскаровецот, но да ја разгледаме листата на најголемите фаворити за оваа улога:
Мајкл С.Хал
Актер кој на пошироката публика и се претстави како серискиот убиец Декстер Морган во истоимената серија. Одличен актер со одлична репутација и нормално одличен изглед каков што се бара за оваа улога. Единствениот недостаток кај Мајкл С. Хал е неискуството во областа – филм. Да тој има завидна кариера на малите екрани, сега со “Dexter” и претходно со "Six feet under", но има мал број на филмови во своето C.V. Сепак, минатата година докажа дека ако не успее да биде херој на големото платно, ќе биде запаметен како херој во приватниот живот, бидејќи успешно го победи ракот.
Рајан Гослинг
Изглед, шарм и талент на едно место. Тоа е Рајан Гослинг. Вистински камелеон кога станува збор за внесувањето во улогите. Женската популација го памети по романтичната драма "Notebook", но Рајан во својата кариера нема нешто што нема одглумено. Да тој дури беше нео-нацистички евреин во "The believer". Зад себе има една номинација за Оскар, за улогата во филмот Half Nelson, а исто така е еден од најголемите фаворити за уште една номинација за одличните "The ideas of march" и "Drive". Моментално е еден од најбараните актери во Холивуд и улогата на Бетмен само би го потврдило статусот на култен актер. А тој има само 30 години.
Крис Пајн
Ах тие сини очи. Но, Крис Пајн е повеќе од само убав млад актер. Тој е одличен актер со просперитет да стане акционен херој. Кариерата ја започна со појавување во медицинската серија ER, а од тогаш имавме можност да го видиме во "Princes diaries 2", "Smoking aces" и филмот која го вивна во ѕвездите "Star trеk". Пајн во приквелот од познатата СФ франшиза го глумеше ликот на Капенанот Џејмс Т. Кирк па затоа може да се каже дека акционите херои не се непозната тема за младиот Крис Пајн. Минатата година Пајн настапи и во уште еден блокбастер "Unstoppable" со оскаровецот Дензел Вашингтон, но дали ќе може да се носи со Batman? Останува да видиме
Александар Скарсгард
Син на легенда и подеднакво талентиран како татко си. Се разбира станува збор за Александар Скарсгард, синот на Стелан Скарсгард. Можеби најдобриот извоз од Шведска во изминатите неколку години и совршена замена за Кристијан Бејл. Иако релативно подоцна се проби во Холивуд, овој 35-годишен актер не престанува да не воодушевува со талентот уште од првиот ден. Сега публиката може да го следи во вампирската серија "True blood" каде настапува покрај оскаровката Ана Паквин, а оваа година глумеше во ремек-делото но Ларс вон Триер "Melancholia" каде глумеше покрај својот славен татко.