Рим, 28 септември 2015 (МИА) - Кон крајот на ноември на пазарот ќе се појави албумот „Wake Up“, на кој како изведувач се јавува лично папата Франциско.
Со овој албум папата сака неговите пораки за верата, љубовта и надежта да допрат што подалеку.
Папата на алубмот ќе биде придружуван од синтисајзер, хорна и електрична гитара, а музиката ќе варира од поп-рок до грегоријански напеви. Папата на албумот ќе им се обраќа на слушателите на италијански, англиски, шпански и португалски јазик.
Магазинот „Ролинг Стоун“ претставувајќи ја песната „Wake up! Go! Go! Forward!“ наведува дека како што вели и самиот нејзин наслов, таа претставува повик до луѓето „да се разбудат и појдат, не дозволувајќи им предизвиците и гревовите да го намалат нивното чувство за убавинате на светото“.