Германскиот супер стар диџеј Курд Маверик доаѓа во Скопје! Маверик ќе биде задолжен за најурбаната новогодишна журка која некогаш му се случила на градот, журката закажана во Метрополис арената на Саем.
Стартот е во 21.30 часот. Билетите промотивно до 27 декември (недела), како празничен подарок, ќе се продаваат преку продажните мрежи на Mктикетс и Kупиратизасе, и тоа по цена од 200 (во партерот) и 100 денари (за галеријата), додека по 27 декември ќе чинат 300 и 150 денари. На врата на денот на журката, односно на 31 декември, ќе чинат 350 и 200 денари.
Курд Маверик е германски хаус продуцент и диџеј роден 1978 година во Турција под вистинското име Џихан Отун. Со музика се занимава од раното детство. Во раните 90-ти техно движењето, што за него е нешто сосема ново, го освојува, па тој фасциниран од овој вид музика, особено од Lova Parade и Poison Club во Дизелдорф ја открива и хаус музиката. Оттогаш се е јасно во која насока продолжува неговото музичко патување. По низата диџеј сетови се враќа во студио и почнува за прв пат да продуцира и хаус музика.
Првото издание продуцирано под неговото уметничко име “Курд Маверик” привлекува огромно внимание, па решава истото и да го задржи. Бројните ремикси и изданија двапати по ред го прават Essentual New Tune е на најпозната радиоемисија на британскиот диџеј Пит Тонг, кој работи за BBC и е домаќин на емисиите како Essential Mix и Essential Selection. Претходно тоа не му се случило никому. Курд станува нераздвоен дел од интернационалната хаус сцена. Оттогаш патува низ целиот свет и ги задоволува музичките апетити на илјадници хаус фанови со неговите незаборавни и шик звуци.
Токму затоа не пропуштајте ја единствената прилика да ја дочекате 2016 година со германскиот суперстар диџеј Курд Маверик, кој воедно е и водечки светски ремиксер на Роби Вилијамс, Боб Синклер, Бој Џорџ, Ерик Морило и сл. Со Маверик, сопственикот на еден од најголемите хитови на денешницата “Hell Yeah”. Неприкосновен хит на човекот кого уште го нарекуваат и господар на хаус музиката, а интересно е што траката има и верзија со Греми добитникот Џермејн Дупри.
Домашна поддршка на Маверик ќе му бидат диџеите од Антена 5 - Никифор, Ајсберг и Лефанк.
Уште една интересна информација поврзана со Маверик е тоа што диџејот не е прв пат во Скопје и овој пат останува два дена затоа што освен што посака да се одмори по забавата, сака и да добие можност малку да ужива во убавините на градот. Посебни барања нема, освен во техничкиот дел, односно звукот, кој треба да биде доведен до перфекција.