Сузана Спасовска: „Народе македонски“ има голема порака за овој народ кој е сардисан од сите страни!

„Народе македонски" е една од оние песни кои во себе носат моќна порака, но и голема вистина за трагичното минато на нашиот народ. Создадена е во спомен на масакрите во 1903 и 1905 година во костурското село Загоричани што биле извршени врз месното цивилно население од страна на Турците и Грците. Убиени биле повеќе од 200 загоричани, а селото било целосно уништено. Верзијата што во рамките на проектот „Македонијо во срце те носиме“ ја спакува Николче Мицевски, а ја отпеа златно грло Сузана Спасовска е всушност правена според снимката во изведба на Симеон Гугуловски.



- „Песната „Народе македонски“ во досегашните изведби може да се најде во две верзии. Оваа верзија е обновена според снимката на Симеон Гугуловски, која познатиот македонски тенор, првенец на Македонската опера ја пееше во 1989 година. Ја одбравме бидејќи песната има голема порака за овој народ кој е сардисан од сите страни. Дава поттик за будење и осознавање во едно време – невреме и желба со сите сили да се зачува родното огниште, изворот. Песната вели дека слободата на човекот и правдината што ја бара сѐ она што е поважно од сите пари и богатства на овој свет. Со аранжманското видување се доближува до младата генерација, која во последно време со полно срце ги прифаќа старите македонски песни и ги пее во сите прилики, за што посебно се радувам. Задоволството е големо да се биде дел од овој проект со преубави песни со патриотска тематика, кои национално ќе го разбудат овој спокоен и мирен народ, чијашто добрина ја користат сите, но не знаејќи го најважното, дека со пиреј тешко се излегува на крај“, вели Спасовска.

Видеото за „Народе македонски“ во изведба на Сузана Спасовска е со потписот на Скендеровски продукција, која стои зад проектот „Македонијо во срце те носиме“ и во чии рамки се препеани 12 македонски песни, во изведба на 12 изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика. Меѓу изведувачите кои публиката уште треба да ги слушне и види се ДНК, Андријана Јаневска и Зуица Лазова.

Уживајте во изведбата на Сузана Спасовска и очекувајте го стартот на концертниот караван кој под истото име „Македонијо во срце те носиме“ ќе гостува во неколку македонски градови - Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Како да направите вашата жена да вика додека имате секс?
- Јавете и се по телефон... каде и да сте.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1809.- Во Хамбург е роден Феликс Манделсон -...
1867.- Принцот Муцухито на 14-годишна возраст...
1909.- Роден е францускиот филмски режисер Андре...
1915.- Потпомогната со германска и...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби