Концерт на Теа Таировиќ на 30 ноември во Скопје

Теа Таировиќ ќе одржи ексклузивен концерт на 30 ноември во „Арена Борис Трајковски“ – Скопје.



Концертот е во склоп на нејзината голема турнеја која ќе стартува на 21 септември во Белград, а ќе го носи насловот "Neka noćas gori Balkan", по стиховите на нејзиниот хит - "Hajde". Првиот датум за концертот во Белград се распродаде во рекордно брзо време, па Теа закажа и втор концерт, ден подоцна.

Младата музичка ѕвезда која само со два албуми успеа да се позиционира на врвот на музичката сцена, неодамна го објави својот најнов, трет по ред студиски албум „Теа“. И на овој албум, исто како и на претходните, Теа Таировиќ се потпишува како автор на поголемиот дел од песните, што за неа претставува огромен предизвик, но и задоволство.

Со оглед на тоа што Теа е голем перфекционист, на кој освен песните, подеднакво важен и е сценскиот настап, таа за концертот во Скопје подготвува и посебни кореографии кои ќе ја остават публиката без здив.

Теа ветува посебен концерт во свој стил. Затоа, заокружете го 30 ноември, датумот кога домашната публика ќе ужива во концертниот спектакл на една од најголемите музички ѕвезди во регионот - Теа Таировиќ.

Картите за концертот се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, како и ЈК травел во Бисер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе кај селскиот поп со намера да се исповеда за гревовите и му вели:
- Прости ми попе, сум грешел.
- Каква мака имаш синко -
му вели попот на Трпе
- Ја изневерив жена...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1943.- Радио Алжир ја објави капитулацијата на...
1943.- Ослободен е Дебар.
1944.- Ослободени се Пробиштип и Крушево.
1949.- Умре Рихард Штраус, германски композитор...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби