Веќе со години Maceo Plex е едно од најпрепознатливите и дефинитивно најбараните име на електронската сцена, со настапи на сите најголемите сцени и најважните фестивали во светот. Од Exit, преку Awakenings и Coachella, па сѐ до Tomorrowland, а сега, благодарение на Telekom Electronic Beats - Maceo Plex доаѓа за да ја донесе забавата и во Охрид!
Големата глобална атракција за првпат ќе го посети градот покрај најголемиот езерски бисер во земјата и со него ќе го понесе современиот звук кој претставува микс од хаус, техно и транс музика споени во мелодична и енергична електронска музика која со сигурност ќе ве крене на нозе. Неговиот настап ќе ја одбележи последната вечер на Ohrid Calling на 3 август и со тоа ќе го затвори веројатно највозбудливото издание на овој фестивал досега.
Роден во САД како Ерик Есторнел, започнува со пуштање музика уште во 1993 година и оттогаш не погледнува наназад. Откако започнува да се занимава со сопствена музика го прифаќа уметничкото име Maceo Plex, а во последните години живее и работи во Барселона, Шпанија.
Набрзо откако почна да создава своја музика, го привлече вниманието на повеќе диџеи и продуценти кои во него видоа свежо лице и уште посвеж начин на миксање на звуците кои ги предводеа трендовите. Неговиот уникатен звук низ годините влијаеше и на многу други артисти и продуценти, со што помогна да се обликува и жанрот на електронска музика кој го слушаме денес. Maceo Plex денес е еден од највлијателните електронски артисти во светот и соработува со бројни популарни музичари, дел од кои се појавија и на неговиот последен албум „93“, со кој диџејот одбележа 30 години од неговата богата кариера.
Храбриот и малку поинаков звук на „93“ покажува дека Maceo Plex длабоко навлезен во врвот од неговата кариера, се’ уште е подготвен да експериментира и да се реизмислува во насока на промовирање на нова музика која е наменета и за старите фанови, но особено за новите слушатели на електронска музика што сакаат да слушнат каква иновација на звуци го окупира умот на Maceo Plex во последниот период.
Настапот на Maceo Plex на „Ohrid Calling“ во рамки на програмата на Telekom Electronic Beats, е дел од кампањата „Лето за паметење“, која има за цел да ѝ овозможи на Генерацијата Z, но и на сите љубители на добрата музика, да создадат спомени и да го направат ова лето најзабавното досега.
Спектаклот е закажан за 3 август, односно за последната вечер од фестивалот Ohrid Calling, а како што се доближуваме до овој датум возбудата само продолжува да расте. Интернационална поддршка на последната вечер на Ohrid Calling ќе биде британскиот диџеј AVNU кој е дел и од новиот албум на Maceo Plex, а како домашна поддршка ќе настапи нашата Diah, која и претходно била дел од настаните на Telekom Electronic Beats во земјава.
Билетите за настапот на Maceo Plex се веќе во продажба онлајн на веб-страната
www.ticketx.mk. Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од летото за паметење!