|
|
|
Радовиш во ритам: Игор Џамбазов, Гуру Харе бенд и легендарните Црвена јабука за Денот на македонските рудариНа 28 август срцето на Радовиш ќе пулсира во ритамот на незаборавната музичка вечер со организирана во чест на Денот на македонските рудари и Денот на градот Радовиш.

Најдоброто од македонската музичка сцена ќе се сплоти во едно кога маестро Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе бенд ќе ги изведе своите најголеми хитови. Спектаклот започнува во 21:00 часот и ќе трае два часа, носејќи ги присутните низ три децении музички креации како „Хотел Македонија“, „Каква е оваа ситуација“, „Да си жив и здрав“ и многу други.
Прославата ќе продолжи во 23:00 часот со настапот на екс-ју рок иконите Црвена јабука, кои ќе ги наполнат радовишките улици со звуците на нивните безвременски хитови како „Некако с прољеќа“, „Туго несреќо“ и „Моје најмилије“.
Организаторите ветуваат вечер исполнета со одлична забава, квалитетна музика и настан кој не само што не смее да се пропушти, туку ќе биде вистинско музичко патување низ времето, посветено на сите љубители на добрата музика.
Радовиш е подготвен за незаборавна вечер, а ние ве покануваме да ни се придружите и да го прославиме овој посебен ден заедно.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Што е крв пие, вампир не е; лета, а птица не е?
- Веројатно комарец! - Ама каков комарец! Тоа е *Always Ultra*! |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1325.- Основан е градот Теночтитлан, престолнина...
1572.- Умре хрватскиот писател Петар Хекторовиќ,...
1733.- Роден е Џозеф Пристли, англиски...
1741.- Роден е австрискиот цар Јосиф Втори, син...
|
|
|
 |
Хороскоп |
|
|
 |
|