Скопје подготвено за спектакл: Светско првенство во хип хоп и стрит денс шоу 2024

Долгоочекуваниот и најголем настан за оваа година, IDO World Hip-Hop & Street Dance Show 2024, за само две недели ќе биде центар на вниманието за сите љубители на танцот и хип хоп културата. Скопје за првпат ќе биде домаќин на пет илјади танчери, кои доаѓаат од триесет и пет држави, кои се вклучуваат од пет различни континенти.



Во организација на клубот „Брејк а Лег“, од 9 до 17 октомври, во Спортскиот Центар „Борис Трајковски„ ќе имаме можност да ги следиме најавените натпреварувања во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ во повеќе возрасни категории.

Очекуваниот број на публика од петнаесет илјади присутни, говори дека Скопје во текот на тие десет дена ќе биде навистина раздвижено, полно со туристи, кои се дел од натпреварувањата, или сакаат да ги следат истите – што претставува одлична можност за претставување на македонското гостопримство. Она што е интересно е дека, покрај натпреварувањата, како дел од овој спектакл, се најавува и концертот на Пајак, за кој влезот ќе биде бесплатен.

Официјалното отворање на самиот настан ќе се случува на дванаесетти октомври, каде нѐ очекува вистински спектакл, бидејќи организаторите подготвуваат низа изненадувања.

„Чест ни е што Македонија за првпат ја има оваа прекрасна прилика да покаже колку ги поддржува спортот и танцот, како и дека има капацитети за организација на еден ваков светски настан. Верувам дека не само љубителите на хип-хоп културата, туку и сите оние, кои сакаат да покажат дека може да бидеме вистински сплотени како добри домаќини на една ваква шаренолика манифестација, ќе нѐ посетат и ќе се вклучат во овој настан, кој сметам дека е еден од најголемите случувања во нашата држава. Дадовме сѐ од себе за да се претставиме во едно поинакво светло, како пред Светската танцова организација, така и пред сите земји учеснички, кои ќе направат срцето на Скопје да чука во овој хип хоп ритам. Упатувам голема благодарност до сите оние, кои нѐ поддржуваат, сите наши соработници, сите луѓе вклучени во оваа огромна организација, како и до Министерството за Култура“, изјави Трајче Петковски, организатор на настанот и основач на „Брејк а Лег“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
106. п.н.е.- Роден е римскиот војсководец и...
1399.- Кралот Ричард II како прв англиски монарх...
1518.- Роден е италијанскиот сликар Јакопо...
1521.- Турскиот султан Сулејман Први го освои...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби